Ч.П.П

Зошто и колку ја плаќам агенцијата за посредување при купопродажба на имотот ?

Агенцијата ги селектира купците со цел имотот да се понуди на најадекватните купци.

Услугите на агенцијата се:
– Рекламирање на вашиот имот за продажба на нашите интернет профили, нашиот веб сајт, излогот на агенцијата.
– Олеснување при комплетирање на документација
– Префрлување на сопственост со имотен лист во катастар
– Префрлување на сопственост на сметки (ЕВН, ЈКП и др.)
– Агенцијата е цело време со вас до завшување на целиот процес на купопродажба, во кои спаѓаат: Трансфери, Изработка на документација во Катастар, Општина и Банки.
– Имотот се прикажува на странките со наш сопствен превоз

Зошто и колку ја плаќам агенцијата за посредување при изнајмување на имотот ?

Агенцијата наплаќа еднократна провизија (од закуподавачот) во износ на една кирија, со тоа што услугите на агенцијата се следни:
1. Пронаоѓање на соодветен закупувач.
2. Изработка на договор за изнајмување
3. Целосна грижа околу плаќање на сите сметки кои го оптеретуваат имотот, а се обврска на плаќање на закупувачот.

Која е услугата на агенцијата во посредување при изнајмување ?

Доколку агенцијата најде изнајмувач, таа целосно се грижи за сите смети кои го оптеретуваат имотот што се издава во договорениот период.

Колку би чинела услугата доколку ја ангажирам агенцијата, и не се одлучам за ниедна понуда ?

Услугата е бесплатна за сите купци без рзлика дали ќе се одлучите или не.

Колку чини услугата за агенцијата при посредување на купопродажба ?

Услугата чини 2% од договорената купопродажна цена на имотот (Ја плаќа продавачот).

Колку чини услугата на агенцијата при посредување на изнајмуванје ?

Услугата чини една кирија на годишно ниво и ја плаќа закуподавачот (тој што го издава имотот.)

Како се врши исплата?

Со банкарска трансакција

Каде се заверува купопродажен договор?

Кај Нотар во местотo каде се наоѓа недвижноста

Во кој рок треба да се исплати данокот на промет?

Данок на промет треба да се исплати во рок од 6 месеци

Кој ја утврдува основицата за данок на промет?

Комисија од Управа за јавни приходи од локална самоуправа – Општина.

Наши Партнери

Последни Прегледи